Информации

За сите информации во врска со компанијата и производите и услугите кои ги нуди погледнете го делот Контакт, и слободно контактирајте не.

За нас

ДАВИД Компјутери е реномирана компанија со традиција која е формирана во 1997 година. Се наоѓа на булевар „Јане Сандански“ бр.72/1 во Скопје. Се занимава со изработка и продажба на софтвер, фискални каси, продажба на хардверски компоненти а притоа нуди и целосна поддршка и одржување на истите. За тоа е задолжен стручен и добро обучен кадар кој ви стои на располагање како во Скопје така и низ целата држава.

Од своето основање па се до денес, ДАВИД Компјутери континуирано работи на подобрување и проширување на продажниот асортиман на производите кои ги нуди и секако постојано усовршување на услугата кон своите купувачи и партнери, бидејќи задоволните купувачи се нашиот највисок приоритет.

Нашата цел е ДАВИД Kомпјутери да биде препознатлив фактор на пазарот, нудејќи голем асортиман на производи од најдобрите производители, воедно понудувајќи и пристапни производи за секој корисник, ставајќи посебен акцент на квалитетот на производот. Сметаме дека со постојана, комплетна и трпелива работа, како и целосно отворена соработка, ќе успееме да бидеме препознаени од страна на ИТ компаниите во регионот.

Партнери

ДАВИД Компјутери соработува со голем број на компании како од Македонија така и од регионот и пошироко.